80 годишниот Ценко од село Аргулица пенизонерски чува неколку кози, млеко има секој ден

80 годишниот Ценко Стојков цел живот живее во село Аргулица. Некогаш одгледува крави, но откако станал пензионер почнал да одгледува неколку кози како што вели пред камерите на М-Нет телевизија за потребите на него и неговата сопруга. Живат сами во селото оти децата живеат и работат во град, па вели не може да одгледуваат повеќе стока. Иако има каде да се одгледува и има добра паша сепак нема луѓе.

„Имам три кози, колку за дома. Инаку не можеме да опсанеме. Сами со бабата ги гледаме козите, оти децата се во град. Има паша ама нема кој да ги пасе. Во селото се одгледува само шталска стока.“ – вели Стојков.

Дециден е дека не е тешко да се одгледува стока и од тоа да се живее. Но, за да има исплатливот потребно е поголем број на кози на пример, па млекото да се продава и на тој начин да се егзистира. Со две кози има млеко доволно само за домашна употреба.

„Не е тешко, само треба народ. Еден сам не може да работи. Младите да бидат во град, а старите во село да чуваат крави не бива тоа. Порано чуваше две крави, па сега две кози. Ако се чува повеќе има млеко, ама треба да се чуваат барем десет кози“ – додава Стојков.

Козите на Ценко зимно време се чуваат шталски, а летото пасат на пасиштата во селото. По неколку часови како што вели Стојков, но доволно за да може да опстанат.

Во село Аргулица млади речиси и да нема, останае само повозрасните кои живеат овде. Токму и затоа бројот на чуѓе кои одгледуваат стока е сведен на минимум. Ако некогаш секој втор се занимавал со сточарсво денеска на прсти може да се изборојат малкумината кои одгледуваат шталска стока.

Лаура Стојанова, М-Нет