Хроника ОВР Кавадарци

Приведени дрвокрадци во Сирково

Тракторите и дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција, стои во соопштението.

Приведени дрвокрадци во Сирково

На 31.03.2024 во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци.

При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг.

– Тракторите и дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од ОВР Кавадарци.

To top