Го помина ли германската економија најлошотот: БДП порасна 0,2 отсто во првиот квартал


Бруто домашниот производ на Германија порасна за 0,2 отсто во првиот квартал од 2024 година во споредба со претходниот, објави во вторникот Федералниот завод за статистика врз основа на прелиминарните податоци.

Најголемата европска економија можеби го поминала најлошиот период, велат статистичарите.

Германската влада виде повеќе знаци за промена на трендот во својата најнова прогноза. Сепак, посилно закрепнување засега не се очекува.

БДП на крајот на минатата година падна за 0,5 отсто во однос на претходниот квартал, имајќи го предвид ефектот на цените, календарските и сезонските влијанија.

Германија како целина беше во блага рецесија во 2023 година со очекуван пад на БДП од 0,2 отсто.

Германската економија ориентирана кон извоз ги почувствува последиците од глобалното економско забавување, како и привремено високите цени на енергијата и брзиот раст на каматните стапки.

Постојан проблем е недостатокот на квалификувана работна сила, како и прекумерната бирократија.

Благиот раст на БДП во првите три месеци е поттикнат од градежните инвестиции и извозот, објави Заводот за статистика. Од друга страна, личната потрошувачка е намалена.