Вести Македонија Топ вести

Блокиран изборот на судии- нема акредитирана институција за тестирање на нивниот интегритет и психолошка состојба

Изборот на 40-тина судии е блокиран поради недостигот на акредитирана институција за тестовите за тест за интегритет и психолошкиот тест.

На брифинг со новинарите, претседателот на Судскиот совет, Сашко георгиев со уште двајца членови објаснуваа дека се бара решение или во промена на законот, или во акредитирање на институција.

Скоро две години е заглавен изборот на осуммина судии за скопска апаелација, која има недостиг од судски кадар, а сега се појавувал проблем и за 30 каднидати од академијата за судии и јавни обвинители.

Но, овој проблем не е од сега.  И покрај тоа што и во минатото немало акредитирана институција, судскиот совет од 2015-та до лани, склучил два договори и повеќе анекси со институтот за социолошки и политичко правни истражувања и со Виста груп, со што се доведуваат во прашање и досегашните тестови за избор на судии и членови на Судски совет.

Токму поради отсуството на акредитирана иуснтитуција за овие тестови, тогашната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева не го потпишала последниот анекс на договорот од 2019-та, и побарала мислење одговор од повеќе институции, а со ова прашање се занимавал  и Георгиев од изборот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе