Во рамките на WWDC 2023, поточно почетната презентација која беше вчера, Apple го претстави моментално нивниот најмоќен чип, M2 Ultra. Како што беше случајот минатата година со M1 Ultra, M2 Ultra е направен преку „спојување“ на два М2 Max чипови.

Спојувањето се прави со таканаречената UltraFusion технологија од Apple, со која се добива пренос на податоци помеѓу двата дела од 2,5TB/s, а што се однесува до софтверот, компјутерот има само еден чип.

M2 Ultra е направен со 5nm технологија, дури идната година ќе ја видиме 3nm технологија од TSMC, а има дури 134 милијарди транзистори, што е за 20 милијарди повеќе од ланскиот ултра модел.

Меморијата која корисниците можат да ја изберат оди до 192GB, 50% повеќе од M1 Ultra. Процесорот е 20% побрз од ланскиот, додека графичкиот процесор има 30% подобрување.

Овој нов чип ќе работи на два нови уреди кои исто така беа претставени на вчерашната презентација. Се работи за втората генерација од Mac Studio, кој ќе има и верзија со M2 Max, како и за првпат Mac Pro кој работи на Apple чиповите, нешто што веќе доста време се очекува.

Двата компјутери се најмоќните досега од Apple, а тие и истакнуваат дека Mac Studio е шест пати помоќен од најмоќниот 27 инчен iMac со Intel процесор, а три пати помоќен од ланскиот модел, односно Mac Studio со M1 Ultra.

Mac Pro може да се каже дека е Mac Studio во поголемо пакување, а со тоа доаѓаат и предности како повеќе PCIe приклучоци.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2Apple
Претходна статијаApple ја претстави првата 15 инчна верзија од нивниот MacBook Air
Следна статијаНаредната верзија од macOS доаѓа со „виџети“ на десктопот и конечно поддршка за веб апликации во Safari
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.