Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Од:

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас денеска ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

Би можело да ве интересира

МНР: Изјавата на Самарас е одраз на личниот демократски капацитет

Емир Латифовиќ

Самарас: Грција излегува од „магичниот круг“

Емир Латифовиќ