Top Sport

Интер остана без двајца играчи пред реваншот со Атлетико

Лидерот во Серија А,Интер, утре ќе го одигра осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите, против Атлетико во Мадрид. Италијанскиот тим првиот меч на домашен терен го доби со 1:0. Единствениот гол го постигна Марко Арнаутовиќ.

Интер е во најдобра форма од сите тимови на континентот. Екипата која ја предводи Симоне Инзаги има 13 победи во низа, во сите натпреварувања. Во Серија А се лидери со 16 поени повеќе од градскиот ривал Милан и сигурно чекорат кон шампионската титула.

Пред гостувањето во Мадрид, Симоне Инзаги се соочува со проблеми, бидејќи нема да може да смета на двајца важни играчи во ротацијата. Реваншот против Атлетико поради повреди ќе го пропуштат Карлос Аугусто и Марко Аранутовиќ.

Бразилецот и Австриецот се повредија во петокот против Болоња. Аугусто би можел да се врати во тимот за дуелот со Наполи, во недела, додека Арнаутовиќ ќе отсуствува еден месец.

Инзаги истот така не е сигурен дали ќе ги има во тимот Маркус Тирам, кој се повреди пред три недели против Атлетико и Хакан Чалханоглу, кој ги пропушти последните два натпревари.

Scroll to Top