Македонија МТСП

Велковски на средба со здружението „Мобилност“: Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините

-Во иднина заедно ќе работиме да се подобри законскиот систем и овие лица да имаат пристап до зголемени права и можности. Системски решенија се најдобрата мерка која може да ја оставиме зад нас, потенцираше Велковски.

Велковски на средба со здружението „Мобилност“: Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините

Во рамките на средбите со здруженија на граѓани министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средба со Здружението „Мобилност“ Скопје.

Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините во системот. За жал повеќе од 7 години никој не ги слушнал нивните барањa, беше истакато на средбата.

-Не се откажуваме од барањето за подобар систем на заштита. Во државата услугата персонални асистенти воопшто не е развиена сразмерно во сите општини – велат од Мобилност.

-Во иднина заедно ќе работиме да се подобри законскиот систем и овие лица да имаат пристап до зголемени права и можности. Системски решенија се најдобрата мерка која може да ја оставиме зад нас, потенцираше Велковски.

Инаку, во државата нема Регистар за лица со попреченост кој би довел до креирање на паметна социјална политика. Стручните служби во наредниот период мора да работат на на вака база на податоци.

Најнови вести од Македонија

To top