Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави откри што му порачал на судијата Ковач по крајот на мечот: Не смееме да молчиме после ваква арбитража

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес не можеше да ги контролира емоциите и заработи директен црвен картон поради шутирање на рекламен материјал од Лигата на шампионите, сето тоа како резултат на големата нервоза која ја собираше уште од првото полувреме.

Тренерот на Барселона беше видно незадоволен од одлуките на Иштван Ковач, не само поради црвениот картон кој му го покажа на Араухо, туку и уште поради неколку други одлуки за недосудени фаули за играчи на домашниот тим.

Одлуката на романскиот судија а го исклучи Араухо беше клучен момент во четвртфиналето и ПСЖ направи пресврт со кој се пласираше меѓу четирите најдобри (1:4), а бесниот Чави беше до толку лут, што реши да дели правда и по последниот судиски свиреж.

Чави се врати на теренот и имаше што да му каже на Ковач, а потоа на новинарите на „Мовистар“ им обелоденил што точно му порачал на арбитарот.

– Имавме чисти шанси да се вратиме во мечот и со 10 играчи, но кога играте цел меч со човек помалку, секогаше е многу тешко. Вистинска штета е што напорната работа во цела сезона беше уништена од една судиска одлука. Сакав да играме 11 против 11 со ПСЖ на Луис Енрике. Црвениот картон беше непотребен, му кажав на судијата дека е многу лош, му кажав дека беше вистинска катастрофа. Тој ја уништи емоцијата, го уби натпреварот. Не сакам да зборувам за судии, но не смееме да молчиме после вакви нивни изданија. Барселона повторно ќе се обиде наредната сезона, оваа година достојно се претставивме во Лигата на шампионите и можевме да одиме уште подалеку, – изјавил Чави за „Мовистар“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни