НА УКРАИНА Ѝ ТРЕБААТ НАЈМАЛКУ СЕДУМ СИСТЕМИ ЗА ВОЗДУШНА ОДБРАНА „ПАТРИОТ“, МУ РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ НА НАТО

    НА УКРАИНА Ѝ ТРЕБААТ НАЈМАЛКУ СЕДУМ СИСТЕМИ ЗА ВОЗДУШНА ОДБРАНА „ПАТРИОТ“, МУ РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ НА НАТО„За да се браниме, потребни ни се уште седум 'патриоти' или слични системи за воздушна одбрана, и тоа е минимален број. Тие можат да спасат многу животи и навистина да ја променат ситуацијата“, рече Зеленски. (Фото: АП)

    Претседателот Володимир Зеленски вчера им кажа на членките на НАТО дека на Украина и се потребни минимум седум системи за воздушна одбрана „патриот“ или други висококвалитетни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат нивната воена помош за Киев. Во емотивниот говор преку видеоврска до Советот НАТО-Украина, украинскиот лидер рече дека сегашното ниво на странска помош е „многу ограничено“ и дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот воздушен напад на Иран минатата сабота.

    „Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо повторно да стане безбедно… И целосно зависи од вашиот избор… од изборот дали навистина сме сојузници“, рече Зеленски во својот говор.

    Русија го зголеми долгорочното бомбардирање на енергетската инфраструктура на Украина и нејзините градови во последните неколку недели, зголемувајќи го притисокот врз Киев додека побројните и подобро опремени сили на Москва полека напредуваат на бојното поле на исток.

    Само оваа година, рече Зеленски, Украина била нападната од речиси 1.200 руски ракети, повеќе од 1.500 беспилотни летала и 8.500 наведувани бомби во услови на забавување на западната воена помош.

    „Ова директно го кажуваме – за да се браниме, потребни ни се уште седум ‘патриоти’ или слични системи за воздушна одбрана, и тоа е минимален број. Тие можат да спасат многу животи и навистина да ја променат ситуацијата“, рече тој.

    Шефот на НАТО Јенс Столтенберг по средбата меѓу сојузничките министри за одбрана и Зеленски изјави дека сојузниците се согласиле да му обезбедат на Киев дополнителни системи за воздушна одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира