1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоХоландија

Заложничка драма во холандскиот град Еде

ЕМФ | агенции
30 март 2024

Тројца заложници во заложничката драма која се одвива во холандскиот град Еде се ослободени, јави полицијата. Полицијата засега исклучува „терористички мотив“.

https://p.dw.com/p/4eGuG
Холандија Еде заложничка драма полиција
Во областа каде што се одвива заложничката драма се распоредени голем број полицајциФотографија: ANP/dpa/picture alliance

Тројца од заложниците во холандскиот град Еде, во близина на Утрехт, се ослободени, но ситуацијата е и натаму опасна, соопшти холандската полиција на платформата Х. Претходно беше јавено дека вооружено лице има земено повеќе заложници. Голем број полицајци ја опколија областа во центарот на градот, објавија холандските медиуми. Според полицијата, евакуирани се околу 150 станови. Во исто време, властите повикаа луѓето да го избегнуваат центарот на градот. Продавниците се затворени.

Полиција и спасувачи во центарот на Еде
Полиција и спасувачи во центарот на Еде поради заложничката драмаФотографија: ANP/picture alliance

Според информации на весникот „Телеграф“, во објектот каде што се одвива заложничката драма има вооружен маж во „мантил“ кој тврди дека има експлозив со себе. На лице место се распоредени специјални единици кои, според информациите на телевизијата НОС, се опремени и со робот за деактивирање експлозивни направи.

Нема индиции за терористички мотив, потенцира полицијата. Оттаму се вели дека нема да бидат објавени дополнителни детали, бидејќи тоа би можело да биде „на штета на заложниците“.