Поврзете се со нас

Германија

Мајсторијата на Санчо недоволна за Борусија, Кејн постави личен рекорд против Ајнтрахт (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Најновата 31-ва рунда во Бундеслигата донесе директна битка за четвртото место на табелата, а на натпреварот кој се одигра на „Ред Бул арена“ како победници излегоа избраниците на Марко Розе.

РБ Лајпциг го почна со негатива дербито против Борусија Дортмунд, но мајсторијата на Џејдон Санчо само ги разбуди соиграчите на Елиф Елмас, кои во продолжение целосно го надиграа ривалот.

Опенда брзо израмни на 1:1 и ги запали навивачите на трибините, а потоа пред крајот на првиот дел, Шешко постигна гол во најдобар можен период. Во вториот дел, победата ја потврдија Симакан и Баумгартен, а за жал Елиф Елмас не доби ниту минута на ова дерби.

Од другите стадиони, за издвојување е победата која ја оствари Баерн Минхен над Ајнтрахт Франкфурт, натпревар на кој Хари Кејн постави свој личен рекорд со двата погодоци.

Англичанецот стигна до бројката од 42 погодоци и тоа е најдобра голгетерска сезона за него во кариерата, а во победата од 2:1 погодокот за гостите го постигна Екитике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни