Постигнат цензус, гласале над 40% од граѓаните, државата ќе добие претседател

Постогнат цензус за претседателските избори, до 17 часот своето право на глас го оствариле 42, 32 % од граѓаните. Зголемување на процентот на излезност има споредбено со изборите во 2019 година, но и споредбено со гласањето во првиот круг на 24 април. Најголема излезност во општините од Истокот има во Пробиштип каде гласале 60.35% од граѓаните, а најмала во во Кочани односно 42.20% од граѓаните.

„ До 17 часот се пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2040 избирачки места. Од вкупно за запишани 1.069.021 гласачи гласале 452 412 гласачи односно 42.32%. Најголемата излезност е во Новаци, а најмала излезност има во Липково.“ – вели Дашевски.

Со постигнувањето цензус на овие претседателски избори значи дека државата ќе добие нов претседател. Граѓаните гласаа на седмите по ред претседателски избори.

Лаура Стојанова М -Нет