Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ со солисти

Во рамки на манифестацијата „Денови на македонска музика 2024“, вечерва во малата сала на Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ со солисти.

Диригент: Паскал Галоа
Солисти: Гонца Богоромова Краповски – сопран
Милена Дамњановиќ – сопран


Влезот е слободен.

Благој Цанев (1937-2020)
БДЕЕЊЕ (на текст од Блаже Конески) (1984),
за сопран, флејта, кларинет, виола, виолончело и ударни инстр.
арр. Филип Иванов (2021)


Јана Андреевска (1967)
АКО УМРАМ… (од зборникот на браќата Миладиновци),
за мецосопран, флејта, кларинет, виола и виолончело (2021)

Михајло Трандафиловски (1974)
HARMORHEOMODY за виолина, кларинет, виолончело
и пијано (2003)


Панде Шахов (1973)
Циклус песни СОНИШТА ( на стихови од Јордан Плевнеш)
за сопран и камерен ансамбл (2023)

Валентина Велковска Трајановска (1976)
ОМЕН за сопран, кларинет, виолина, виолончело
и ударни инструменти (2003)

Ана Пандевска (1985)
ROTARY FOLK за соло кларинет и фиксен медиум (2022) – светска премиера

Членови на ансамблот „Алтус“:
Паскал Галоа – диригент
Гонца Богоромова Краповски – сопран
Елена Стојческа – флејта
Игор Иванов – кларинет
Мартин Димитров – виолина
Марко Виденовиќ – виола
Паскал Краповски – виолончело
Антоние Весковски – ударни инструменти
Маријана Николовска – пијано

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …