Изненадување од Минхен: Баерн веќе преговара со Ерик тен Хаг?!

Раководството на Баерн Минхен се уште е во потрага по нов тренер кој ќе ги предводи од следната сезона, откако веќе е јасно дека Томас Тухел си оди на крајот од тековнава сезона. Многу тренери веќе ја одбија поканата од Баерн Минхен, како што беа Чаби Алонсо и Ралф Рагник, па германските медиуми сега објавуваат изненадувачки информации.

Според нив, раководството на „баварците“ веќе стапило во контакт со агентите кои го застапуваат тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, кого го посакуваат на својата клупа за следната сезона. Преговорите веќе се започнати, но немало директен контакт со Тен Хаг, бидејќи екипата во моментов е насочена кон реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести