Емилја ЦЕЛАКОСКА

Не го најдов потеклото на изреката „Од квантитетот произлегува квалитетот“. Некои му ја припишуваат на Сталин во облик на „Квантитетот си има квалитет сам по себе“, а други тврдат дека изреката е, дури, марксистички принцип. Toj e формулиран како закон за преминот на квантитативните промени во квалитативни промени, но Маркс тука го цитира Хегел, кој пак истата мисла им ја припишува на античките грчки филозофи, преку „парадоксот на купот песок“, во смисла – квантитативната промена во бројот на зрната песок води до квалитативна промена во тоа да се биде куп или не.

Можеби порано изреката имала смисла, но во време на интензивната комуникација денес, ми се чини дека таа е воглавно заблуда. Мислам дека од квантитетот НЕ произлегува квалитет веќе за многу општества, во ситуации кои принципот на масовна конкуренција (прилично капиталистички, но не и неприродно) не е применлив директно и масовно, туку е разбиен со неповрзани „принципи“, на пример на разни припадности на групи и слично. Односно, уште повеќе, поочекувано е дека од квантитетот ќе произлезе неквалитет. На пример, во многу домени, од индустријата до академската заедница, акцентот на масовното производство или, пак, широкото прифаќање често доведува до перцепција за подобрен квалитет. Сепак, оваа илузија се урива со повнимателен преглед, бидејќи се во игра самопротивречни концепти кои произлегуваат од нешто што на сите им е јасно: Како повисоките критериуми воопшто можат да родат масовност? Нели со пониски критериуми се добива пошироко прифаќање или омасовување? На пример, со ширењето на дезинформации преку платформите на социјалните медиуми, огромната количина на споделувања и лајкови може да даде аура на кредибилитет на лажните наративи, но основната противречност помеѓу вистината и измислицата го прави спорно секое тврдење за квалитет.

Самопротивречните концепти денес се камуфлираат во некои „шеќерни“ глазури на квантитетот од секакво ѓубре, и така ги поткопуваат самите темели на квалитетот. Еве, најбанално – низ подемот на популистичката реторика: Ветувањето за решавање на потребите на народот може да добие широка поддршка, но сепак основната противречност помеѓу инклузивноста и ексклузивноста останува нерешена. Додека квантитетот навидум го јакне изгледот на легитимноста, квалитетот на управувањето е, благо речено, компромитиран, кога основните противречности и понатаму остануваат неконтролирани. Всушност, демократијата нема шанси ако вака алчно се конзумира сѐ заради глазурите на квантитетот, без проверка на состојките. Вака, не е за чудење воопшто кога некој, гласањето (или, веројатно тој некој би рекол – надгласувањето), како „волја на мнозинството“, ќе го припише тоа на демократијата, единствено низ квантитетот. А токму таму, во отфрлањето на сѐ друго освен квантитетот, како и во инсистирањето на таа крајна појавна форма – квантитетот, се скриени сите самопротивречности. Школски претставено што е самопротивречен концепт и зошто е опасен може да се види попросто преку концептот „правоаголен круг“. Тој е таков што, и да тврдите „Правоаголниот круг е заоблен“, и да тврдите „Правоаголниот круг не е заоблен“ се и двете неточни тврдења. Самопротивречните концепти се машина за производство на 100% неточност. Затоа такви стануваат и тврдењата за квалитет кои произлегуваат од инхерентно противречни премиси скриени во некој квантитет.

Ги спомнав критериумите како услов за спротивност од масовност, а снижените критериуми како услов за масовност, па значи има двојна поврзаност меѓу критериумите (како гарантори за квалитет) и масовноста – квантитетот. Односно, за таа поврзаност е очигледна можноста за обратнопропорционалност, која дури и се подразбира. Ова е толку огромен дефект, што сѐ засновано на квантитетот однапред мора да биде сомнително и преиспитано дали воопшто содржи квалитет. И тука, секогаш востановените демократии се подобри: Тие ги поминале сите препреки низ запамтени страдања (многу важно), за во себе конечно да го вградат механизмот кој ги штити од овој дефект. Тој механизам е отвореноста кон различност: различен изглед, различно мислење, различни идеи, различно било што.

Оние кои ги заборавиле страдањата, поточно, не ги разбираат, оние кај кои останал стравот од напуштање на истоста, немањето храброст да се впуштат во мешање низ различностите на сѐ (а најважно, можеби, на идеите), го влечат дефектот низ себе во општеството и така го дегенерираат до изумирање, како некој агресивен инцест. Чистите категории се за бебиња, со цел да го осознаат светот, но кога возрасните не можат да ги напуштат „чистотите“, „истостите“ и особено „обединувањата“ околу тие чисти категории, па се стискаат во редовите на својата заедничка истост – тоа е со сигурност некоја колективна болест, или колективна незрелост. Не е исто да се обединуваш околу некоја чиста категорија и околу отвореноста за различност, да биде појасно: Првото е заговор за (само)затвор, а второто е развој во слобода. Старите демократии разбрале (низ страдања) дека повисоките критериуми не можат да дојдат до израз преку немешање на луѓето и идеите, или преку некое бескрајно пропагандистичко дрндање „како треба да биде“ од страна на исти та исти луѓе и нивните исти досадни идеи. Како ја имплементирале динамиката на различностите за да го отстранат дефектот на квантитетот кој не раѓа квалитет? Со симнување на ѕидовите меѓу квантитетите од чистите категории. И така, не од причини што уште повеќе е зголемен квантитетот, туку од динамиката, од разликата во потенцијалите меѓу различностите, особено на идеите, се раѓа основата на квалитетот – постојаниот стремеж за перфекција на критериумите, кои дури и не се разбираат како критериуми, туку како вистина. Дури во оваа точка чувството за фер се јавува како суштински двигател. Не пред оживувањето на вистината, а никако пред да паднат ѕидовите на „чистотите“, кои, пак, од своја страна немаат врска со никаков квалитет.

Националистите, на пример, не можат да добијат ништо квалитетно во друга категорија, освен – најчистиот националист (јакиот квалитет!). А тој, секако, парадоксално, не само што не признава други националности, туку не ги признава ни оние од истата националност кои признаваат други националности!

Кратко речено – не можете, од квантитет на категорија која го истиснува квалитетот од себе (а го истиснува затоа што квалитетот по дефиниција е содржи различност од секоја поединечна чиста категорија), да добиете квалитет – тоа е просто, аксиома. Националистите, на пример, не можат да добијат ништо квалитетно во друга категорија, освен – најчистиот националист (јакиот квалитет!). А тој, секако, парадоксално, не само што не признава други националности, туку не ги признава ни оние од истата националност кои признаваат други националности! Има илјадници такви моментално во натпревар за вакво „постигнување“! Односно, не само што квантитетот не произвел квалитет, туку произвел неквалитет: Сите нормални критериуми за квалитет, оние кои носат развој и напредок, вака се подредени на некој тотално неповрзан концепт, веројатно и несфатен од сите тркачи во националистичката трка.

Македонските кутри националисти, додека се замислуваат како Усеин Болт, „трчаат“ во националистичката трка како пијани мајмуни, без никаква реална квалификација за својата „чиста“ категорија. Дури и таму се имитатори: Со маичка и знаменце со една кутлешка свастика – завршиле работа.

Во нашево општество, настрана што се сомневам дали воопшто ја сфаќаат апстракцијата на концептот за националност (колку што зрно песок сфаќа дали песокот кајшто тоа се нашло, воопшто е куп), туку националноста ја користат како „правоаголен круг“ за многу понапредни заклучоци од својот капацитет, на пример за што е фер, што е добро, што е вистина и најсамопротивречно, секако, што е интересот на нацијата. Национализмот го користат како квантитативна глазура на скриената самопротивречност содржана во себичниот клиентелизам, кој од своја страна детално, поединечно го уништува долгорочниот интерес на таа иста нација, повторно, на многу сличен начин на инцестот, како и самиот национализам.  Сега лесно се гледа дека македонските кутри националисти, додека се замислуваат како Усеин Болт, „трчаат“ во националистичката трка како пијани мајмуни, без никаква реална квалификација за својата „чиста“ категорија. Дури и таму се имитатори: Со маичка и знаменце со една кутлешка свастика – завршиле работа.

За разлика од другите нации кои не дозволуваат излитување на идеите за борбата за сопствена држава, овде доживеавме сечење на историјата на НОБ, по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ со уште поголемото излитување на Илинденската историја во празни фрази. Додека во цел свет, вклучувајќи ги и демократиите, полека лази деменцијата за Втората светска војна, овде, страдањата од НОБ и на почетоците од 20-тиот век не се пренесуваат со емоција веќе 30-тина години. Некој таа емоција љуби да ја нарече „индоктринација“, во смисла дека „индоктринираниот не е свесен дека е индоктриниран“, но, со тоа, нели уште повеќе, тогаш, национализмот на „неиндоктринираниот“ му е празна кофичка песок? Да, самопротивречно и несфатено, апстрактно – за него. А што ако едукацијата за преносот на емоциите на тогашните страдања е токму тоа – само едукација, а не „грешната“ индоктринација? Па, лесна работа, ВМРО-ДПМНЕ во 11-те години режим најде начин да го дотолчи образованието кое и така стагнираше преходно за да не се најде простор за неа.

Ова е оној дел за кој зборувам погоре, зошто овде демократијата е неприменета и несфатена. Девастирањето на образованието тогаш беше току агресивно, што требаат многу пати поголеми напори тоа да продише нормално, а камоли да застане на нозе. Стана необразование. И тоа послужи да не го вградиме механизмот против дефектот на квантитетот, точно онаа машина која 100% ја истиснува вистината, правдата и ги форсира ниските критериуми, оној механизам којшто постарите демократии го вградиле. Да, национализмите и таму се во пораст затоа што насекаде образованието малку заостана, заборавот на минатата светска војна избледна, споменот на жртвите стана четиво за напамет, но во Македонија, таа ентропија е забрзана со испуштањето на духот од шишето – организацијата која тврди континуитет со Ванчо Михајлов. Демагошкиот наци-клиентелизам на ВМРО-ДПМНЕ, се вкопа во општеството како вирусен дегенеративен ген кој го преферира и пропагира дегенерирањето.

Факт е дека не сме постигнале квалитетна демократија со аргументирање туку само со квантитативно надгласување, затоа што ВМРО-ДПМНЕ никогаш со ништо не се сложува, особено не за највисоките интереси. Како со ѕид да се аргументира. Единствената можност да дојде до некаков развој е антибиотикот од поглавјата на ЕУ.

Факт е дека не сме постигнале квалитетна демократија со аргументирање туку само со квантитативно надгласување, затоа што ВМРО-ДПМНЕ никогаш со ништо не се сложува, особено не за највисоките интереси. Како со ѕид да се аргументира. Единствената можност да дојде до некаков развој е антибиотикот од поглавјата на ЕУ. Кој ВМРО-ДПМНЕ гледа никогаш тој антибиотик да не се аплицира тука, инаку амбициозната клиентела и незрелите наци-маци ќе го намалат квантитетот на организацијата. Се разбира, неверојатно е ВМРО-ДПМНЕ да го откачи ѓубрето од себе инаку би изгубила квантитет и би добила квалитет, а со тоа би ја оживеала надежта за долгорочниот интерес, а првенствено – опстанок на Северна Македонија. А тоа сигурно не го сака бидејќи во организација со премногу голем број заколнати бугарски корени за бугарски пасоши и српски опасни врски – тоа им е спротивен интерес. Не знам како се преферира ваков отпад со шеќерна глазура, но очигледно граѓаните надвор од партиите, ретко учествуваат во тоа. Во ваков систем на гласање ЗА, во кој квантитетот игра единствена улога и се нарекува, по пример на востановените демократии – демократски, не е предвидено гласањето ПРОТИВ. И затоа, кога според перцепцијата на македонските граѓани ќе се понуди од две зла помалото, наместо како во демократиите – од две добра поголемото, ретко кој граѓанин се бори да го избере помалото зло. И на тој начин, лесно може да си го добие поголемото зло да го владее…

Превземено од Рацин.мк