Легендарниот Ариго Саки тврди: „Интер ќе биде шампион со мамење!“

Легендарниот италијански тренер, Ариго Саки, ја крена Италија на нозе со својата изјава дека Интер ќе ја освои титулата со мамење. Сепак, тој не прецизираше како конкретно Интер мамел, но сигурно оваа „епизода“ ќе има свое продолжение.

„Во Италија станува тренд до титулата да дојде тој што е најпаметен, но тоа не е во ред. Мора да излеземе од оваа ситуација, инаку засекогаш ќе останеме во оваа криза. Да се победува со создавање на долгови е мамење. Дали Интер мами? Да!“ – рече Саки.

На адреса на 78-годишниот тренер веднаш пристигнаа критики од сите страни, па се очекува негов одговор на што конкретно мислеше, дали на финансиската криза во која е идниот шампион на Италија или на нешто друго.

- Оглас -

Најнови вести