фото: Зоран Антоски

Со средства обезбедени од Центарот за развој на југозападниот плански регион, почна да се уредува и преостанатиот дел од каналот Иванидол. Работите ги изведува локална компанија и се очекува до крајот на мај работите целоно да завршат, потврди Сабедин Емини од општина Кичево.

– Со 7.000.000 денари средства обезбедени од Центарот за развој на југозападниот плански регион, се уредува каналот Иванидол во делот пред општината каде што порано беа лоцирани времени објекти и нешто погоре пред повеќе приватни куќи или со вкупна должина од 500 метри. Каналот во овој дел целосно ќе биде бетониран и ќе биде покриен, а на горната страна од каналот ќе се добијат неколку десетици паркинг-места. Работата се одвива според зацртаната динамика и пред почетокот на летото можеме да очекуваме целосно да завршат градежните активности и овој микро- простор да добие целосно нов лик – вели Емини.

фото: Зоран Антоски

Во преостанатата должина каналот во поголемиот дел е отворен, единствено е покриен пред зградата на ЦУК.

З.А.