Фото: ЕПА

На паневропската дебата во Европскиот парламент, во амфитеатарот во кој имаше над илјада слушатели, Урсула фон дер Лејен јасно ја остави вратата отворена за десницата. „Тоа ќе зависи од изборните резултати и од составот на секоја група во Европскиот парламент“, јавно и за првпат објави таа…

Прва предизборна дебата во Мастрихт

Европскиот парламент функционира на принципот на формални, класични коалиции, но и (ад хок коалиции) во зависност од законската регулатива за која се гласа. Во моментов сите европски политички партии ги истакнаа своите „шпицни“ кандидати, еден од нив во случај на победа на неговата политичка група ќе треба да биде новиот претседател на Европската комисија.

Зошто Урсула фон дер Лејен се најде во центарот на случувањата?

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, носителка на партиската листа на ЕПП за европските избори, учествуваше во својата прва предизборна дебата во Мастрихт. Таа за првпат по назначувањето, како предводничка на листата на ЕНП, дебатираше со уште седум други кандидати од главните европски партии, вклучувајќи ги и луксембуршкиот социјалист Николас Шмит, германската либералка Мари-Ањес Штрак-Цимерман, холандскиот екологист Бас Ајкхоут и данскиот кандидат на екстремната десница од Идентитет и демократија (ИД), Андерс Вистисен.
По четири години на чело на комисијата, поранешната министерка на Ангела Меркел, имено, Урсула фон дер Лејен (исто така кандидатка за нов мандат), беше во центарот на дебатите: климатските промени, прашањето за миграцијата, надворешните работи – особено војната во Газа – или дури и состојбата на демократијата. И токму во овој последен дел, Фон дер Лејен создаде чудење во амфитеатарот, кој собра илјада студенти.
Додека Бас Ајкхоут ја испрашуваше за можна мнозинска коалиција на ЕПП со европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) што ги обединува десницата и крајната десница на Џорџија Мелони, која е претседателка на италијанскиот совет и шефица на партијата Фратели д’Италија, Урсула фон дер Лејен јасно ја остави вратата отворена.
– Тоа ќе зависи од изборните резултати и од составот на секоја група во Европскиот парламент – објави таа.
Според анкетите, групите ЕЦР и ИД, кои ги здружуваат екстремно десничарските партии, денес се рамо до рамо заедно со либералите од Ренова за да станат трета сила во парламентот.
– Вредностите и правата не можат да се распродадат врз основа на политички договори – возврати Шмит, чија социјалистичка група историски дели мнозинство со ЕПП и одбива да предвиди какво било мнозинство со екстремната десница.

Време е да се исцеди бриселското мочуриште

Лидерката на ЕПП, сепак, сметаше дека е невозможно да се работи со групата ИД, во која се наоѓаат германската АфД или Францускиот национален собир (РН). Еден од избраните функционери од оваа група за време на расправата веднаш ја нападна актуелната претседателка на комисијата.
– Време е да се исцеди бриселското мочуриште – инсистираше Андерс Вистисен, користејќи еден од омилените слогани на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Потоа, обраќајќи ѝ се на Фон дер Лејен, тој рече: „[Пред пет години], никој не гласаше за вас, и никој нема да гласа за вас повторно. Катастрофа ти беше комисијата… А кога ќе победиме на избори, ти ќе бидеш првата што ќе добие отказ!“
Сепак, многу поучтиви, Бас Ајкхоут и Николас Шмит ја нападнаа Фон дер Лејен поради нејзината желба да забави со климатското прашање.
– Климата не чека – тврди Луксембуржанецот.
– Пред пет години го споменавте Зелениот договор како ваш голем проект, како Кенеди и неговата желба да испрати човек на Месечината. Пет години подоцна, сакате да престанете. Како Кенеди да ги оставил своите астронаути на половина пат… – инсистираше Холанѓанецот.
– Го дизајниравме Зелениот договор како нова стратегија за раст. Ја имаме законодавната рамка, сега мора да ја спроведеме на терен. За нас ова е патот напред. А сепак, екологистот одговара точка по точка, „направивте сè за да го намалите опсегот на Зелениот пакт во последните месеци за нашите земјоделци со намалување на барањата за пестициди, на пример“! Ги поканивме земјоделците, невладините организации итн., да се најде трајно решение. Како и вие, мислам дека тие се најдобрите амбасадори на зелената транзиција. Не поларизирајте: треба да најдеме компромис и да работиме заедно – објасни Фон дер Лејен

Многу контроверзии во врска со прашањето за миграцијата

Друга контроверзна тема беше прашањето за миграцијата. Доколку кандидатот за ИД не се двоуми да ја брани австриската идеја за забрана на територијата на секој што се обидува да влезе нелегално, повторно Фон дер Лејен уште еднаш е доведена во прашање за манифестот на ЕНП што таа го брани. Вториот предвидува развој на разгледувања на барањата на барателите на азил во трети земји, по британскиот модел со Руанда.
– Никаде во манифестот нема да видите никаква референца за Руанда. Британците ја напуштија Унијата, оставете ги надвор од неа. Ние ги исполнуваме нашите меѓународни обврски, почитувајќи ги Женевската конвенција и Европската конвенција за човекови права. Ние Европејците имаме право да одлучуваме кој ќе влезе во Европа, а не шверцерите. Затоа ги поддржуваме договорите со трети земји со цел да се создадат легални и безбедни пристапни маршрути… – рече таа.
Уште еден момент на тензија, спомнувањето на израелската војна против Хамас во Газа. Кандидатот на левицата Валтер Баер двапати ја праша претседателката на комисијата дали Европската Унија (ЕУ) треба да преземе санкции против Израел по смртта на речиси 35.000 Палестинци и хуманитарната блокада на енклавата.
– Сега ни треба прекин на огнот. Доколку Израел го нападне Рафах, тоа би било неприфатливо. Ќе седнеме со земјите членки и ќе донесеме одлука… – одговори таа.
– Овој одговор е неприфатлив. Мора да ставиме крај на оваа драма. ЕУ мора да дејствува побрзо! – критикуваше Баер.
Кога се отвори дебатата за прашањето за странско мешање, претседателката на комисијата конечно го доживеа првиот момент на одмор, а овој пат токму кандидатот за ИД беше јасна цел на другите кандидати. Кина или Русија ја купуваат вашата група ИД и вашите партии: AfD, RN, FPÖ [во Австрија]. Пред да им држите предавања на сите, исчистете ја вашата куќа!
Следната паневропска дебата ќе се одржи на 23 мај во Европскиот парламент.

Тони Гламчевски, дописник на „Нова Македонија“ од Стразбур