Tрадиционална „Велигденска изложба 2024“

31

Општина Делчево повикува на учество на традиционалната велигденска изложба на творби, која ќе се одржи на 2.5.2024 година, четврток, на платото пред спомен-домот АСНОМ, со почеток во 12:00 часот.

– И оваа година, очекуваме да ве водат креациите во аранжирањето на штандовите, а потенцираме дека во рамките на манифестацијата, традиционално, ќе се одржат велигденска изложба на јајца, ликовна изложба на дела од ученици од локалните училишта, на тема „Велигден“, како и други креации поврзани со празникот. Бидејќи на Велики четврток, по традиција, останало да се вапсуваат велигденските јајца, ова е одлична можност да ја покажете вашата умешност на дело, да бидете хумани, затоа што собраните приходи ќе бидат наменети во хумани цели – соопштија од Општина Делчево. 

Прославата по повод големиот христијански празник Велигден, традиционално, се организира во соработка со образовните институции во Општината, детската градинка „Весели цветови“, НУЦК „Н.Ј. Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“, здруженијата на граѓани и локалните институции.

Во текот на изложбата ќе биде организиран концерт од локални артисти.

Соодветна комисија ќе ги оценува творбите, а Општината обезбедува парични награди за најдобрите.

Пријавувањето на заинтересираните за учество на настанот во Општина Делчево е преку контакт-лицето Ванчо Новоселски, телефонскиот број 070309630 или на и-мејлот info@delcevo.gov.mk.