Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Носење крсти по повод Св. Ѓорѓи Победоносец и во Враништа, струшко

Традиционално и оваа година на втор ден Велигден кога се прославува и Св. Ѓорѓи  Победоносец во Враништа се одржа Литија- носење крсти околју целото село, со посета на сите црковни места во Враништа.

Посебно за истакнување е и песната за Христовото Воскресение која ја отпеаа дечињата од Православна младина на Враништа во текот на черашната Велигденска богослужба во Храмот Св.  Никола.

Почитувани празникољубци овој величествен ден денот на победата над смртта торжествено беше прославен во нашиот Храм во нашето село Враништа. И овој најголем ден неизоставно беше збогатен со прекрасниот настап на членовите од Православна Младина. Како и минатите години така и оваа по претходно распишаниот литературно-ликовен конкурс пристигнаа голем број на творби.Оваа година отец Ристе реши да ги почести сите што учествуваа на конкурсот на заедничка неколку часовна забава во Рингишпилот во Струга. Тоа значи дека сите се ,,прво место”. Господи Боже Исусе Христе, умножи не,заштити не и запази не.Амин! Христос Воскресе, стои во известувањето од Храмот Св. Никола.