Изненадување: Саугејт ја брише „ѕвездата“ на Јунајтед од списокот за ЕВРО 2024

Герет Саутгејт сериозно ја разгледува опцијата да патува на ЕВРО 2024 без Маркус Рашфорд, по катастрофалната сезона што овој напаѓач ја има во тимот на Манчестер Јунајтед. Весникот „Мирор“ информира дека Саутгејт е разочаран од она што Рашфорд го покажува на клупски план, но и на неколкуте репрезентативни средби на кои му даде шанса на овој фудбалер во последните десетина месеци.

Сезонава донесе и неколку позитивни промени кога станува збор за англиските офанзивни фудбалери, па така Кол Палмер блеска во дресот на Челси, додека Фил Фоден целосно созреа и на неколкуте дерби-дуели на Манчестер Сити покажа дека на него може да се смета и на најважните натпревари. Ако на ова се додаде и стандардно добриот Букајо Сака, како и „недопирливите“ Белингем и Кејн, јасно е зошто Саутгејт смета дека Рашфорд воопшто не му е потребен во таборот на „гордиот албион“ претстојното лето.

Во една ваква конкуренција, тој би го зел Воткинс од Астон Вила како резервна опција за Кејн и играч што нема да биде во фокусот на јавноста, наместо да си создава притисок со Рашфорд.

Она што е интересно, Герет Саутгејт е главен фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед, па останува да се види дали за неколку месеци тој и Рашфорд ќе треба да соработуваат секојдневно на клупско ниво.

Се вчитува...