Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Христијан Настески Пајак и Mc Stojan на 5-ти февруари ќе го промовираат новиот Балкански хит „Мала моја“

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Супер талентираниот, 22-годишен охриѓанец Христијан Настески Пајак со силни чекори ја гради својата музичка кариера.

Заедно со Лара Иванова неодамна тој ја надмина фантастичната бројка од над 10 милиони прегледи на каналот YouTube со песната „Bella“ со која двајцата млади музичари се претставија на минатогодишното издание на фестивалот „Макфест“.

Неодамна, Пајак го издаде и синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска, а веќе најавува нов хит, овој пат како соработка со Mc Stojan, со кого на 5-ти февруари ќе го промовираат новиот Балкански хит „Мала моја“.

Младиот trap артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука