20.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: НАТО е безбедност, а ЕУ е иднина и финансиска стабилност

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за утринската програма на Клан ТВ беше запрашан за можно руско сценарио во предизборниот период.

„Видете, со негласањето на уставните измени, и оттргнување од патот од ЕУ, се дава простор на руското влијание. Тоа е една од причините кои ме загрижуваат со негласањето на уставните измени. Со тоа го отвораме патот за рушење на довербата во Европската Унија, а патот кон ЕУ е единствениот пат за оваа земја. Големиот број на граѓани, за наша среќа се поддржувачи на овој пат. Ние имаме многу малку мала група кои се поддржувачи на некој друг пат за кој и тие самите не знаат кој е тој пат. Ако ги прашате тие политичари кога велат „НЕ за ЕУ“, кој е другиот пат, тие и самите не знаат или не сакаат да признаат за кој пат се тие и кој ги финансира во суштина да го прават сето тоа. Пак ќе кажам, добро е што најголемиот процент на граѓани се свесни дека Европската Унија е единствениот пат на нашата држава и добро е што доаѓам од политичка партија којашто силно ќе се бори на претстојните избори да го покажеме и докажаме тоа дека Европа е единствениот пат. Секој друг пат е лош пат. А МВР е спремно за секакви надворешни влијанија. Заедно во координација со сите безбедносни служби, редовно имаме координиација, состаноци, Претседателот свикува Безбедносен совет, тука ги разменуваме нашите информации на дневна и месечна основа, се со цел граѓаните да бидат безбедни и досега тоа успешно го правиме”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој потенцираше дека нашата држава е членка на НАТО и не може да очекуваме украинско сценарио во Република Северна Македонија.

„За разлика од Украина, за нас овде е среќна околност против руското влијание е што сме членка на НАТО. Тоа се придобивките кога зборуваме и за Европска Унија. НАТО е безбедност, а Европската Унија е иднина и финансиска стабилност. Мило ми е што сме членка на НАТО и што СДСМ успеа да го заврши тој процес, покрај сите опструкции, да не се навраќаме назад. Руското и други надворешни влијанија се исклучиво преку лажни вести и пропаганда. Мора силно да се бориме во таа хибридна војна да излеземе на прав пат. Добро е што граѓаните почнаа да разликуваат во огромен број, што е лажна а што вистинска вест, иако има телевизии како вашата коишто работат професионално, но има новинари коишто купуваат за 10 долари сајт и коишто шират лажни вести”, рече Бојмацалиев.

Спонзорирано: