Трајковски: Зголемениот број на дипломирани здравствени работници не ја подобрува состојбата во здравството

  • Фејсбук статус на професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, за бројноста и кадарот на дипломираните студенти од факултетите за медицина во Македонија

Еве да си видат оние коишто ме подучуваа дека во Македонија немало хиперпродукција на дипломиран медицински кадар (доктори, рендгенолози и т.н.) и дека било нормално само во Тетово и Штип, два града со вкупно 95.000 жители, на медицинските факултети да дипломираат безмалку 600 души во само една година.

Да видиме прво што е нормално. Во Америка дипломираат 8 на 100.000 жители годишно, а во Германија 12 на 100.000. Толку е нормално квалитетно да студираат и да дипломираат.

Сега ќе видиме што НЕ е нормално. Во Македонија лани дипломирале 879 на 1,8 милиони жители, односно 49 (!) на 100.000 жители, четири пати повеќе отколку во Германија и 6 пати повеќе отколку во САД.

Aко ги земеме предвид само полошкиот и овчеполскиот регион со околу 300.000 жители, од каде воглавно се запишуваат во Тетово и Штип, доаѓаме до вртоглави 200 дипломирани на 100.000 жители годишно!

Само уште фали да отворат медицински факултет во Битола и катастрофата да биде комплетна.

На секој паметен ова треба да му биде доволно. Зборуваме со факти и мерила, нели, а квалитет не се постигнува со хиперпродукција. Извор: ОЕЦД – Medical graduates are defined as the number of students who have graduated from medical schools or similar institutions in a given year. Dental, public health and epidemiology graduates are excluded.