Шампионот Струга ТЛ на три кола до крајот му врачи отказ за Дуро

Управата на шампионот Струга ТЛ, на три кола до крајот на сезоната во која се бори за титулата, се раздели од тренерот Шпетим Дуро.

Стружани вчера загубија од Тиквеш со 3:2, а во претходното коло и од Силекс (2:3), ја натераа управата да го смени Дуро.

Дуро на клупата на Струга ТЛ сдна во март минатата година, и ја однесе екипата до шампионската титула. Оваа сезона, Дуро ја водеше Струга ТЛ на вкупно 38 меча во сите натпреварувања и оствари учинок од 21 победа, пет ремија и 12 порази.

До крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига има уште три кола, а Струга ТЛ, Шкендија и Шкупи се наоѓаат на делба на првото место на табелата со по 58 бода

- Оглас -

Најнови вести