„Позелене“ и татко му на Бочварски, и тој ќе произведува струја

СПОДЕЛЕТЕ

„Зелената треска“ продолжува да се шири во најблиските семејни кругови на владините функционери, а последен во низата е таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Венцислав Бочварски од Штип, управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија „Техно Енерџи“, објави порталот „Фактор“.

Сопственик на фирмата е „Техноинвест Штип“, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари, со поднесено барање за основање на 10 јануари.

Таткото на Бочварски, како што посочува „Фактор“, досега во јавноста беше тема единствено поради неговата фирма „Де Лукс ДОО“ и критиките од опозицијата дека учествува  на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.

„Фактор“ потенцира дека сѐ уште не е познато со какво производство на струја ќе се бави „Техно Енерџи“, но со оглед дека во тренд и привлечни се фотонапонските централи, безбедно е претпоставките да одат во тој правец.

- Реклама -