Вести Македонија Најважни

Охридската архиепископија „камен на сопнување“ помеѓу историчарите – црковните лица со остри реакции

Охридската архиепископија стана нов „камен на сопнување“ за историчарите. Експертите од бугарската страна во мешовитата историска комисија, имале забелешки како истата е претставена во нашите учебници. Резултати и компромис од состаноците нема, но сега гласни се реакциите од црковните кругови. Претставници на МПЦ-ОА и на комисијата за односи меѓу верските заедници, оценија дека историската комисија не може и не смее да се меша во црковни прашања. И владици порачаа дека оваа комисија нема што да бара на нивен терен, затоа што црквата е одделена од државата. Верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски, пак, смета дека очекувано било и темата за Охридската архиепископија да се отвори на состаноците на историчарите.

Мешање би било ако комисијата се меша во црковни догми и црковни канони. Друго е кога таа ги утврдува историските факти врзани за постоењето на нашата црква низ вековите. Децата треба да учат и тие и сега учат работи врзани со историјатот на македонската црква на овие простори. Од тоа не треба да се бега и тоа е потребно. Тоа не е мешање во црковните работи, смета верскиот аналитичар Бранко ѓорѓевски.

Ѓорѓевски смета дека нема подобар доказ за континуитетот на Охридската архиепископија, од признавањето од страна на Вселенската патријаршија. А, овие разговори кои ги водат историчарите и во кои како тема се најде и Охридската архиепископија, се обврска од Договорот за добрососедство со нашиот источен сосед.

Да ве потсетам дека самиот Синод на Македонската православна црква едногласно го поддржа Договорот со Бугарија. И тие не беа против тоа, врз основа на што сега се разговара во историската комисија. Легитимно е правото на црковните достоинственици да ги кажуваат своите ставови за важни државни прашања, но не за сѐ. Меѓутоа, за некои работи може и треба да го кажат своето мислење бидејќи тие се важен сегмент во општеството. Од друга страна и државата има право да ги учи своите деца на црковната историја на овие простори, вели ѓорѓевски.

Ѓорѓевски оценува дека во овој случај, бугарската страна се соочува со повеќе проблеми зошто ја отвора таа тема, бидејќи во нивните учебници отворено се кажува дека БПЦ е наследничка и на ОА. Ако се случи некаков компромис, тоа значи дека може да има некакви корекции таму, во нивните учебници. Изрази надеж дека македонската страна нема да отстапи од фактите кои сведочат за историскиот карактер на Охридската архиепископија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе