Шпанците ја објавија судиската комуникација за спорниот гол: Не се гледа, ниту овде, ниту овде…

Голот на Јамал на „Сантијаго Бернабеу“ што судиите не го признаа се уште е главна тема во шпанскиот фудбал. Барселона дури се закани и со барање за пригрување на големото „Ел Класико“, а Шпанската Фудбалска Федерација ја објави во јавноста комуникацијата беше главниот судија Сото Градо и арбитрите од ВАР-собата.

Од неа јасно се гледа дека главниот арбитар е убеден дека Барса не треба да добие гол за спорната ситуација, додека ВАР-арбитрите ставаат до знаење дека од снимките на камерите не можат да кажат со сигурност дека топката по ударот на Јамал ја минала гол-линијата со сиот свој обем.

Ова е комуникацијата меѓу судиите за спорниот момент на „Сантијаго Бернабеу“…

Сото Градо: „За мене топката не е во голот.“

ВАР: „Ајде да погледнеме, почекај малку, не дозволувај да го изведат корнерот.“

Сото Градо: „Чекам. Не, нема гол-технологија. Чекам. Чекам на ВАР. Можеби беше гол. Гледаат. Не, немаме гол-технологија.“

ВАР: „Серџо сопри во моментот кога топката удира во рацете на Лунин и тргни од тука. Чекај секунда, правиме триангулација бидејќи немаме снимка.“

Сото Градо: „Се уште не знаеме.“

ВАР: „Овој играч го покрива телото на Лунин, во ред? Чекај малку. Се уште бараме доказ. Оваа снимка не е добра, ниту оваа, ниту овој агол не е добар, не се гледа ни тука. Следниот. Ништо и од тоа, ниту ова не е добро.“

Сото Градо: „Без брзање, ова е многу важна одлука, без брзање, погледнете ги сите камери.“

ВАР: „Немаме веќе камери. Можеме да потврдиме дека немаме други камери.“

Сото Градо: „Не се брзаме. Можеме да чекаме. Најдобро да чекаме.“

ВАР: „Цесар, можеме да одиме со корнерот, немаме доказ дека топката влезе во голот, затоа одиме со корнерот. Нема доказ дека топка влезе во голот. Корнер.“

Се вчитува...