Американците го соопштија „дрим-тимот“ за ЛОИ 2024: Изгледа пеколно!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер го знае списокот на 11 кошаркари кои ќе играат на ЛОИ 2024 во Париз престојново лето, а остави само едно слободно место кое дополнително ќе биде пополнето.

Факт е дека Американците ќе го имаат најсилниот „дрим-тим“ на едно големо натпреварување во последната декада.

Тоа што сега е веќе јасно е дека Кер во Париз ќе располага со: Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џејру Холидеј, Ентони Едвардс, Девн Букер, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Бам Адебајо и Џоел Ембид.

За Стеф Кари ова ќе биде прв олимписки турнир, додека Кевин Дурант ќе има единствена шанса за уште еден – четврти медал од Игрите. Тој е единствен, со Кармело Ентони, кој во својата колекција има три олимписки златни одликувања.

Што се однесува до Леброн Џејмс, за него тоа ќе биде четврти олимписки турнир, има бронза од 2004 и две злата од 2008 и од 2012 година.

САД на турнирот се во група со Србија, Јужен Судан и победникот од квалификациската група која се игра во Порторико.

Се вчитува...