20.8 C
Скопје
18:34 - 2 мај, 2024

Филип Живојиновиќ колабирал на концертот на Александра Пријовиќ: Пејачката во паника го полевала со вода!

По дури трите спектакли на Александра Пријовиќ.во Нови Сад, сопругот на познатата пејачка колабирал.

Имено, како што дознава српски „Информер“ Филип Живојиновиќ ненадејно паднал во несвест по концертот на неговата сопруга во салата во Нови Сад во неделата вечерта.

Според извор од местото на настанот, Александра го завршила концертот, публиката почнала да си оди, а Филип и таа се упатиле кон автомобилот кога на Живојиновиќ нагло му се слошило.

-Сè беше нормално, Александра го заврши концертот, а Филип и таа придружувани од обезбедувањето се упатија кон излезот. Одеа пред нас кога Филип падна како да е пресечен. Александра почна да плаче, да вика, а тие го полеваа со вода. Обезбедувањето го внесе во автомобилот и го однесе некаде, а Александра ја вратија во салата, веројатно за да може што побрзо да се пресоблече и да му се придружи на сопругот. Не знам што се случи потоа и дали се работи за нешто сериозно или на Филип само му се слошило од жештините, со оглед на тоа што беше доста топло – изјави за „Информер“ извор од салата „Спенс“.

Српскиот медиум се обидел да ги потврди информациите и да дознае дали сопругот на Александра е добро, но ниту Филип ниту таа не сакале да разговараат на оваа тема.

Како што неофицијално дознаваат, здравствената состојба на Филип набрзо се стабилизирала, а наводно сè е резултат на напорната работа на организирање на голем број концерти, особено на последните во Нови Сад.

(Фото) Ѕирнете во домот на Александра Пријовиќ од 500.000 евра: Четири спални соби, луксуз, скриен двор…

Слични објави

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо
Се вчитува....