Кенискиот маратонец Гилберт Киплинг Чумба славеше на традиционалниот белградски маратон со одлично време од 2:11:47, но колабираше по влегувањето во целта. Чумба целосно се распадна поради многу брзото темпо на трката и многу тешките временски услови во српската метропола.

Во Белград било доста топло, а штом ја заврши трката, падна на земја, па на помош му пришле лекарите. Го стабилизирале, го ставиле на носилка и го однеле. Српските медиуми пренесуваат дека сè е во ред со Чумба и дека брзо се освестил. Кениецот не беше единствениот кој имаше проблеми поради условите, а лекарска помош побараа уште неколку тркачи.