Ахмети: Во Македонија мора да владее правото, демократијата, а ние сме таа сила Европски фронт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за време на денешното потпишување на договорот со кој Унијата на Роми стана дел од Европскиот фронт, рече дека и тој доаѓа од дискиминирана и маргинализирана нација.

„Партнерството на ДУИ ќе го пробате, нема потреба да поставувате барања, бидејќи јас доаѓам од дискриминирана и маргинализирана нација и сите ќе се бориме против оваа дискриминација бидејќи и ромската заедница е дел од нас, а каде е подобро тоа да се постигне на европскиот фронт“, изјави Ахмети.

Тој посочи дека Ромите немале претставници за време на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

„Вие немавте претставници за време на Охридскиот договор, јас ги застапував сите заедници кои немаа претставници таму, и за турската заедница, за ромската и за босанската заедница, но и претставник на претседателот Трајковски кој не беше прифатен како евангелист“, изјави Али Ахмети.

Ахмети додаде „Ќе бидеме на патување заедно, нашата земја мора да влезе во ЕУ, во нашата земја мора да владее правото, мора да владее демократијата, а ние сме таа сила, Европскиот фронт, да ги градиме овие вредности во нашата земја“.