Сензација во Истанбул: Виртус го исфрли Ефес

Кошаркарите на Виртус приредија големо изненадување, откако успеаја во Истанбул да го совладаат тимот на Ефес, и така да го исфрлат од плеј-офот во Евролигата. Со тоа Италијанците се пласираа во следната фаза.

Ефес испадна од натпреварувањето, додека Виртус во петок ќе гостува на Басконија во меч за осмото место во плеј-офот. Победникот од тој меч ќе игра со Реал Мадрид во 1/4 финалето.

Шенгелија го предводеше Вирутс со 13 поени. Басконија денеска беше поразен од Макаби.

Се вчитува...