И денеска се гласа

Објавил: Калина Мартинска | 23 април, 2024 16:49

Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

Денес, 2.569 гласачи своето право на глас ќе можат да го остварат во 31 гласачко место во ДКП каде што се пријавиле да гласаат, а чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија. На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.

До овој момент гласањето тече без проблеми. Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Денес, 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа ќе имаат можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени. Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми.

Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, X, Инстаграм како и каналот на Јутјуб, каде што ќе можат да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Македонија утре ќе гласа на седмите претседателски избори

Гласањето зе иден шеф на државата ќе се одвива на 3 480 избирачки места низ Македонија. Според упатството за гласање објавено од ДИК на шест јазици – македонски, албански, српски, турски, ромски и влашки јазик гласачите гласаат лично и тајно со заокружување на редниот број пред називот на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја, по претхдона биметриска идентификација, потпис во единствениот Избирачки список и приложување на личен документ….

Веројатноста да се избере шеф на државата во првиот круг е само теоретска – бидејќи еден од седумте претедателски кандидати ќе треба да освои мнозиство од вкупниот број избирачи, односно над 900.000 гласови. Во првиот круг од гласањето не е потребно исполнување на цензус, а во вториот круг се пласираат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг. За да биде избран претседател на Републиката потребно е едниот од нив да освои мнозинство гласови од избирачите кои изглегле на гласачките места, под услов излезноста да е над 40 проценти, односно над 725.000.

На претходните 6 изборните циклуси, условот беше исполнет, иако на некои од нив беше блиску до границата… Цензусот од најмалку 40 проценти е обезбеден на сите претседателски избори досега.

Во 2019 година излезноста во вториот круг била 46.65 проценти, во 2014 година – 54.36 %. Во 2009 година излезноста била најмала 42,61 процент. А најголема излесност имало на првите непсоредни претседателски избори по независноста во 1994-та кога на гласачките места излегле 77.4 проценти од запишаните избирачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.