Промоција на 4 книги од Дубравка Угрешиќ по повод Денот на победата над фашизмот во КСП Центар-Јадро

По повод Денот на победата над фашизмот – 9 мај, кога е и последниот ден од изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ, Контрапункт, во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура и Мултумедијалниот институт од Загреб организираат промоција на 4 книги („бокс сет“) од Дубравка Угрешиќ, во превод на Владимир Јановски и Алек Кузмановски.

Во рамки на промоцијата ќе бидат претставени 4 книги од Угрешиќ, „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Црвеното училиште“ „Тука нема ништо!“, во превод на Владимир Јанковски и „Нарилник за вештерки“ во превод на Алек Кузмановски.

Промоцијата ќе се одржи во четврток во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19:30 часот.

На промоцијата е најавено дека ќе говорат писателот, преведувач и теоретичар на книжевноста Владимир Јанковски и филозофот, директор на Мултимедијалниот институт од Загреб и издавач, како и близок пријател на Дубравка Угрешиќ, Петар Милат.