Индискреционен деликт

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

876

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 29.04.1998 година)

На вре­ме­то, во за­ед­нич­ка­та тат­ко­ви­на, про­фе­со­ри­те по кри­вич­но пра­во од прав­ни­те фа­кул­те­ти се­ко­ја го­ди­на ор­га­ни­зи­ра­а т.н. „ин­тер­ка­те­дар­ски сос­та­но­ци”: сврзу­вај­ќи го ко­рис­но­то со при­јат­но­то, се дру­жев­ме, чи­тав­ме ре­фе­ра­ти, дис­ку­ти­рав­ме, одев­ме на из­ле­ти, а има­ше и за­ед­нич­ки све­че­ни ве­че­ри. На нив, пак, обич­но „се ево­ци­ра­а спо­ме­ни” од на­ше­то дру­же­ње со сту­ден­ти­те. На ед­на так­ва сред­ба во Сп­лит, за вре­ме на за­ед­нич­ка­та ве­че­ра, се­га ве­ќе одам­на по­кој­ни­от про­фе­сор Бог­дан Зла­та­ри­ќ (од Прав­ни­от фа­кул­тет во Заг­реб), рас­ка­жа вак­ва, вис­ти­ни­та анег­до­та!






Испра­шу­вам, ве­ли, еден сту­дент, и ни­ка­ко да се ре­ша­м да­ли да го пуш­та­м или не: неш­то знае, неш­то не знае. Ко­неч­но, ка­ко по­след­на шан­са, му да­ва­м уш­те ед­но пра­ша­ње: ин­дис­кре­ци­о­нен де­ликт! Мом­че­то се фа­ќа за пра­ша­ње­то ка­ко да­ве­ни­к за слам­ка и се до­ви­ва ка­ко што зна­е и умее, но теш­ко му оди. За да му по­могнам, ве­лам: ос­та­ве­те ги на стра­на де­фи­ни­ци­и­те. Мо­же­те ли со еден при­мер да по­ка­же­те де­ка зна­е­те за што ста­ну­ва збор. Мо­жам, од­го­ва­ра сту­ден­тот и, ка­ко од топ, на­дов­рзу­ва: то­а е ко­га јас за вас би из­не­су­вал или про­не­су­вал де­ка има­те љу­бов­ни­ца!

Пад­нав­те, ко­ле­га, му ве­лам: ус­лов за по­стое­ње на кри­вич­но­то де­ло из­не­су­ва­ње лич­ни и се­меј­ни при­ли­ки е да се ра­бо­ти за неш­то што мо­же да ми наш­те­ти на чес­та и уг­ле­дот. На мо­и го­ди­ни (про­фе­со­рот има­ше ед­но 65-66 го­ди­ни), со так­ва из­ја­ва ви­е ни­ка­ко не мо­же­те да ми наш­те­ти­те. Нап­ро­тив, мно­гу е по­ве­ро­јат­но е де­ка ќе ми го кре­не­те уг­ле­дот…

Иа­ко ни­кој не по­ве­ру­ва де­ка сту­ден­тот на­вис­ти­на пад­нал, заш­то од­го­во­рот во ос­но­ва­та е то­чен, ду­хо­ви­ти­от зак­лу­чо­к на про­фе­сор Зла­та­ри­ќ мо­же да ва­жи и за „слу­ча­јот Гли­го­ров”: ако на чо­век од 65-66 го­ди­ни не мо­же да му наш­те­ти вак­ва афе­ра, до­тол­ку по­ма­лу то­а мо­же да би­де ко­га се ра­бо­ти за не­кој што на­пол­нил осум­де­сет! (До­тол­ку и сум сог­ла­сен со шар­ман­тни­от ко­лум­нис­т од ДЕ­НЕС, кој, збо­ру­вај­ќи за „сла­бос­ти­те на прет­се­да­те­лот”, по ма­лу за­вид­ли­во ги на­ре­ку­ва „им­пре­сив­ни спо­соб­нос­ти”!).

Ова­а под­роб­нос­т од за­кон­ско­то би­ти­е на кри­вич­но­то де­ло из­не­су­ва­ње лич­ни и се­меј­ни при­ли­ки (чл. 174 КЗ) ќе мо­же­ше да би­де ра­зум­но об­јас­ни­е зош­то г. Гли­го­ров не ту­жи, ни­ту пак на­вес­ту­ва де­ка ќе пок­ре­не кри­вич­но-прав­на туж­ба во врска со „гнас­ни­те шпе­ку­ла­ции” на по­е­динци од ма­ке­дон­ско­то по­ли­тич­ко под­зем­је (спо­ред ре­ал-со­ци­ја­лис­тич­ки­от во­ка­бу­лар на нај­рев­нос­ни­те прет­се­да­тел­ски бра­ни­те­ли): чо­ве­кот е над се­то то­а и не се об­ѕр­ну­ва на оз­бо­ру­ва­ња­та, па, не са­ка ни да ту­жи (ис­то ка­ко Ва­ле­ри Жис­кар д’Естен, не­ко­гаш­ни­от прет­се­да­тел на Францус­ка­та ре­пуб­ли­ка, кој, иа­ко има­ше сто и ед­на при­чи­на за тоа, ни­ко­гаш ни­ко­го не да­де на суд).

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини
na