Повеќе не мора да ги избегнувате: Неутрализирајте го мирисот на лук и кромид од устата со овие намирници

1189

Не ги избегнувајте салатите подготвени со кромид или лук бидејќи постојат намирници кои ефективно го неутрализираат непријатниот мирис од устата.

Ако сте од оние што уживаат да јадат лук и кромид, но се плашите дека луѓето ќе ве избегнуваат, опуштете се. Запомнете ги овие неколку трикови за неутрализирање на силниот мирис од овие два зеленчуци и уживајте грицкајќи ги во склоп на јадењата.

Овие освежителни намирници со својата арома го сузбиваат лошиот здив, а станува збор за лимонада, зелен чај, свежи листови нане, магдоносот и јаболко.

Листови од нане
Свежото нане има силен мирис, но на вкус не е непријатно. Џвакајте неколку листови после ручекот, ќе го сузбие непријатниот мирис во устата, а има и други придобивки – го смирува нервозниот желудник и го подобрува варењето.

Зелен чај
При отстранување на лошиот здив од устата, зелениот чај исто така ќе помогне. Го измива маслото од кромид што се заглавува на јазикот или забите, а ако не сте љубител на зелен чај, изберете нане.

Лимонада
Свеж лимон исцеден во вода без додаден шеќер е одличен за отстранување на мирисот на кромидот. Ако имате при рака неисцеден лимон, подобро е да изрендате кора од лимон во лимонадата, па ефектот ќе биде подобар.

Магдонос
Листовите од магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја, која укажува на изобилство на хлорофил, е најдобриот природен борец против непријатниот здив. Има и антибактериски својства.

Јаболка
Јаболката се најдобри пријатели на здравјето на усната шуплина бидејќи ги чистат забите и го освежуваат здивот. Експертите тврдат дека сите намирници кои имаат висока содржина на влакна добро делуваат против непријатниот мирис.

Четки и специјална течност за измивање на усната шуплина
Покрај горенаведените намирници, за да го отстраните мирисот на кромидот задолжително измијте ги забите, исчистете ги со забен конец и исплакнете ја устата со специјална течност за измивање на усната шуплина. На овој начин ќе бидете сигурни дека останува само неговото позитивно влијание врз здравјето, додека единствениот негативен несакан ефект – непријатниот мирис – се елиминира.