Арсенал немаше милост кон Челзи, Хаверц ги славеше головите против својот екс клуб (Видео)

Арсенал во премиерлигашкото дерби го растури лондонскиот ривал Челзи со 5-0 и си ја поправи гол-разликата, чекајќи кикс на Манчестер сити кој сега е на четири бода зад Топчиите, а има и два меча помалку.

Ако два тима имаат ист број бодови, гол-разликата решава кој ќе биде првак, па евентуален кикс на Сити, ќе значи прво место за Арсенал. До крајот на сезонава, Арсенал треба да одигра уште четири, а Сити уште шест средби.

Кандидат за титулата е и Ливерпул, но од тимот од Манчестер зависи како ќе се одвива трката. Сити задутре гостува кај Брајтон и ќе има прилика да дојде на бод зад Арсенал.

Арсенал има 30 бодови повеќе од Челзи.

Каи Хаверц даде два гола против Сините со кои пред три години ја освои Лигата на шампионите, а вечерва дополнително ги изнервира фановите на Челзи со прославата на головите. Германецот е прв играч во историјата кој дал два гола против Челзи на меч откако направил трансфер од Челзи во тој клуб во чиј дрес бил двократен стрелец.

https://twitter.com/i/status/1782869990062121455

- Оглас -

Најнови вести