Крај на сезоната за Френки де Јонг?

Френки де Јонг на носилки беше изнесен надвор од теренот на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона во Ла Лига. Холандскиот репрезентативец претрпе тешка повреда на зглобот при крајот на првото полувреме кога Валвереде остро стартуваше над неговата нога.

Првичните прегледи денеска покажаа дека станува збор за „истегнување на десниот глужд“ притоа ненаведувајќи го времето кое тој ќе го помине надвор од теренот. Шпанските медиуми сепак пишуваат дека отсуството ќе биде пет недели што значи дека за него сезоната е завршена.

Сепак лошите вести за Барселона не се толку лоши за холандската репрезентација бидејќи се очекува да настапи на престојното Европско првенство во Германија на кое Холанѓаните во групната фаза ќе се сретнат со Франција, Полска и Австрија.

Се вчитува...