Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков во интервју за БНТ ја прокоментира изјавата на претседателот Стево Пендаровски. – Како доктор по историја можам да кажам дека ако има жртви на едната страна, спомнува 12 лица, би споменал илјадници луѓе кои биле убиени, 300.000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде по Втората светска војна стотици Бугари биле интернирани и загинале само затоа што имале бугарска самосвест. ...

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во врска со одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари во Скопје вели дека двете земји, но главно институциите во Македонија мора да останат смирени и да се воздржат од какви било провокации за да се обезбеди потребниот ред, така што секој што сака да може да оди и да се поклони. -Што се однесува до контранападот против Ангел Џамбазки и други наши политичари, мислам дека ова ...