Свет

Златото урива рекорди

Светската цена на златото денеска се искачи на неверојатни рекордни 3.000 долари за унца. Ова е поради глобалната трговска неизвесност и очекувањата дека каматните стапки во САД ќе бидат намалени.

Цената на златото порасна за 0,4 отсто на 3.000,20 долари за унца.Од почетокот на годината цената на златото порасна за повеќе од 14 отсто. Во последните 25 години цената на златото се зголеми за десет пати.

Скокот на цената на златото обично се поврзува со економски и политички турбуленции.

На почеток