Становите во комплексот „Diamond of Skopje” се број еден на пазарот бидејќи нудат нов животен стил

Сите становите во кулите А и Б се продадени, како и над 50 % од становите во третата кула или кулата Ц. Интересот е голем и уверена сум дека до крајот на следната година ќе завршиме целосно со продажбата. Над 300 семејства веќе ги добија своите станови и дел од нив се веќе вселени. Во секојдневна комуникација сме со сите наши купувачи, кои се задоволни. Најголема потврда за тоа е фактот дека голем број сопственици на станови кои купија стан во блокот А или Б, купија и втор и трет стан во нашиот комплекс, вели Секлин Коксал, директорка за продажба и маркетинг на „Diamond Residences“, во интервју за Нетпрес.

Неодамна информиравте дека до крајот на следната година планирате скоро целосно да заврши продажбата. Кажете ни каков е интересот?

Коксал: Сѐ поголем е бројот на купувачи кои имаат истенчен вкус за урбано живеење и бараат повеќе од дом. Токму тоа го наоѓаат во нашата понуда, односно во мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje”, кој со својата уникатност нуди многу предности за станарите. Истовремено, комплексот одлично се поврза со постојните урбани целини и им даде дополнителна вредност и содржина. Тоа потенцијалните купувачи веднаш го препознаа и интересот беше голем уште на самиот старт на продажбата во првата кула, односно блокот А. Таа кула е веќе делумно вселена и е целосно продадена, заедно со кулата Б, каде што во тек е предавањето на становите на сопствениците. Со оглед на тоа дека становите во овие две кули се веќе целосно продадени, сега во тек е продажбата на становите од кулата Ц. Во блокот Ц продадени се над 50 % од становите, а интересот за преостанатите, како и за становите во последната кула т.е. блокот Д, е голем и ако продолжиме со оваа динамика, до крајот на 2024 година сите станови ќе бидат продадени. Анализите на пазарот ни укажуваат на тоа дека ваквиот тренд ќе продолжи и во текот на следната година. Пазарот на недвижности е многу динамичен и сѐ поголем е бројот на луѓе кои сакаат да вложат во квалитетен дом, кој истовремено нуди и пропратни содржини. Ние навистина имаме уникатна понуда, бидејќи комплексот „Diamond of Skopje” нуди палета од можности и содржини кои го прават живеењето во центарот на Скопје посебно и на рамниште на големите светски метрополи.

Што ги прави вашите станови толку атрактивни на пазарот, на што се должи големиот интерес?

Коксал: Како што кажав ние нудиме нешто повеќе од дом, нудиме нов животен стил, каде добивате повеќе можности на едно место. На пример, „Д–плус“ концептот е уникатен простор во нашиот комплекс. Сопствениците на станови добиваат можност да користат простории за видео игри, за караоке, за забави, приватно кино, сали за вежбање пилатес. Тоа значи дека станарите освен стан добиваат и низа можности за социјални активности во рамките на комплексот. Освен тоа организирано е и одржување на заедничките простории, а за тоа е формирана непрофитна компанија која се грижи сѐ да функционира. Оваа компанија, за чии услуги станарите плаќаат одреден надомест, се грижи за хигиената, техничкото одржување, 24-часовно обезбедување, одржување на зеленилото, отстранување на отпадот и слично.  Значи се работи за еден организиран комплекс кој нуди еден сосема нов пристап. Комплексот има 11.000 квадратни метри зеленило, со што е втор по големина зелен урбан простор во градот, кој овозможува простор за спорт и рекреација. Во рамките на „Diamond of Skopje” почна да работи и „Diamond Мall“, кој со својот концепт на „лајф-центар“ дополнително го унапредува домувањето во комплексот.

Сите станови се одликуваат и со врвен квалитет на градбата и применети се највисоките стандарди во градежништвото. Становите имаат висока топлинска и УВ-изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците. На тој начин се обезбедува и висока заштеда на енергија. Покрај тоа, со користење на лесни бетонски блокови е обезбедена висока звучна изолација, а надворешната изолација од природни материјали обезбедува висок степен на заштеда на енергија. Сите станови се опремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија. Материјалите што се користени се со висок квалитет, а во комбинација со дизајнот, целиот комплекс добива и луксузен изглед.

Од каде доаѓа најголемиот интерес, дали од земјава или има интерес и кај купувачи од странство?

Коксал: Интересот е голем и кај домашните купувачи и кај странските. Домашните купувачи се број 1, но, имаме купувачи и од Швајцарија, Холандија, Словенија, Турција и САД. Она што е интересно е фактот што голем број сопственици што купиле стан во првите две кули, купуваат повторно во другите кули, бидејќи се многу задоволни од квалитетот на становите и целокупната понуда на комплексот. Ја истакнуваат и врвната локација и прекрасниот поглед од становите кон Водно или кон центарот на градот. Фактот што еден сопственик е подготвен да вложи во повеќе станови во ист комплекс зборува многу за атрактивноста на становите.