Лига на шампиони
Ридигер издвои тројца играчи на Баерн на кои треба посебно да се внимава во полуфиналето
Антонио Ридигер прерасна во вистински лидер на одбраната на Реал Мадрид оваа сезона, максимално профитирајќи од долгите отсуства кои ги имаа Едер Милитао и Давид Алаба.
Германскиот репрезентативец направи да не се почувствува неиграњето на двајцата стартери од минатата сезона, па сега како сигурен во стартните 11 на Карло Анчелоти ќе биде дел од едно полуфинале во Лигата на шампионите.
Ридигер лани остана без шанса да настапи на „Итихад“ поради тоа што Карло ги фаворизираше Ридигер и Алаба, но сега е јасно дека Тони ќе биде задолжен за чување на Хари Кејн во полуфиналињата против Баерн Минхен.
– Очекувам возбудливи и неизвесни полуфиналиња. Станува збор за два големи тима, сметам дека нема изразит фаворит. Двата тима влегоа во добра форма и ќе биде многу интересно. Вторпат ќе игра против Баерн во Лигата на шампионите, се надевам дека ќе ми оди подобро од првиот пат, – изјави Ридигер за германски „Скај“, пришто ги издвоил тројцата најопасни играчи на противникот.
– Хари Кејн секако е играч на кој мора да внимаваме, но имаат и многу други квалитети. Тука се и Мусиала и Лерој Сане. Се надевам дека Лерој ќе биде 100 процени подготвен за мечот, бидејќи слушнав дека имал проблеми. Сакам да биде фит, јас секогаш сакам да играм против најдобрите, – додава Тони.
-
НБАпред 23 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Англијапред 24 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Светпред 18 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Германијапред 22 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг отворено ги именуваше двете ѕвезди кои не му ги донесе Јунајтед: Со еден од нив ќе игравме како Ајакс
-
Италијапред 19 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Светпред 22 часа
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами