Стотици пропалестински демонстранти останаа зад барикадите во кампусот на Универзитетот во Калифорнија и покрај наредбите на полицијата да го напуштат, додека полициските сили се подготвуваа да влезат во нивниот утврден камп кој беше опкружен од уште поголема толпа, вклучително и поддржувачи и љубопитни набљудувачи.
Огромен број припадници на полициските сили почнаа да пристигнуваат на местото во текот на вчерашниот дена, а празни автобуси беа паркирани во близина на Универзитетот во Лос Анџелес за да ги одведат демонстрантите кои не ги почитуваат наредбите.
Тензиите се зголемија откако ден претходно дојде до насилството поттикнато од контра-демонстрантите.
Дел од демонстрантите забарикадирани во кампот, полн со стотици луѓе и шатори пред заоѓање на сонцето над кампусот ги искажаа своите молитви, други пак скандираа „не заминуваме“.