Озил: Ел Класико повеќе не е најважниот меч на светот, за тоа е виновна Барселона

Некогашниот фудбалер на Реал, Месут Озил во интервју за „Марка“ се осврна кон најголемото дерби Реал Мадрид и Барселона.

Тој кажа дека сега дербито го нема оној шмек од порано, и главниот виновник го лоцира во Барселона, поради нејзиниот пад во играчкиот кадар и во квалитетот.

„Кога играв во Реал, Ел Класико беше најважниот меч на светот. На наша жалост игравме против најдобрата Барселона во историјата. Сега од позиција на гледач, вниманието на публиката е повеќе насочено кон дербито Ливерпул – Манчестер Сити. Ел Класико падна, и тоа е штета. Не е Реал Мадирд крив за тоа, туку Барселона која е во пад“, рече Озил кој смета дека неговиот екс клуб може да дојде до титулата во Лигата на шампионите.

„Фантастичен беше мечот против Сити. Англичаните доминираа цел натпревар, но Реал одигра интелигентно и одлично се бранеше. Верувам дека Реал ќе ја освои Лигата на шампионите“, изјави Озил.

Се вчитува...