Во Охрид продолжи судењето на напаѓачите Пендиков, одбрана планира за сведок да го викне Спасовски

Во Охрид продолжи судењето на напаѓачите Пендиков, одбрана планира за сведок да го викне Спасовски

Адвокатот наобвинетите за тепачката на Пендиков размислува да го повика екс  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да каже дали е вообичаена практика полициските службеници да ловат потенцијални учесници во инциденти со покажување на фотографии од лични карти на 10-тина лица.Од она што можеше да се слушне од сведоците, полициските службеници при прибирање на податоци, покажувале фотографии на определени лица-вели адвокатот Димитрија Цобоски.Покрај однесувањето на полицијата, за него е спорен и начинот на кој повредениот Пендиков замина од Охрид.

  • “Баш во време кога полетал претседателскиот авион на претседателот на Бугарија со кој е Пендиков однесен во Софија,во тој период не можат да се добијат податоци кој и на каков начин излегол од територијата на Македонија, бидејќи системот бил паднат на аеродомот.Царинскиот граничен систем на проверка на патниците.Дали во тој дел би го прашале хипотетички и министерот за внатрешни и за однесувањето на полицајците? Не може да ме прашувате вакви прашања” –вели Димитрија Цобоски,адвокат на обвинетите

За адвокатот на Пендиков не е спорна постапката на полициските службеници.

  • “Не би рекол дека полицијата ги насочувала, полицијата се обидувала да дознае кои се можните сторители на кривично дело.Се доби впечаток дека Пендиков воопшти не знаел кој го нападнал? Пендиков даде исказ пред судот и кажа кои лица го нападнале.Тој знаел и првично кој го нападал но не кажал кој го нападнал !Второ треба да имате разбирање,тој бил во шок”-вели Стефан Камишевски,адвокат на Пендиков

Според Камишевски Пендиков бил во шок,ама знаел да го најде патот и сам да оди во полициска станица за да го пријави настанот. Тепачката се случи на христијанскиот празник Водици, според сведоците,угостителскиот објект бил полн а имало и многу алкохилизирани лица. Сведоци кажаа дека не ги познаваат обвинетите.Судскиот процес продолжува на 16-ти мај.

 Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста