ПРОСЕЧНА ПЛАТА 1100 ЕВРА, АКЦИИ ВО МЕПСО И ЕЛЕМ ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН, Николовски од промоцијата во Крива Паланка

На вчерашниот почеток на предизборната кампања, коносителот на ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата, Љупчо Николовски, се обрати од своето родно место – Крива Паланка.

437369798_10228371668010937_6950725820695906199_n

Со жар, гордост и љубов ја охрабри преполната сала дека има уште посилна енергија и решителност, кои му даваат стимул да оди напред и да продолжи да менува животи на поединци на подобро – и како човек, и како политичар.

437122366_966290618198108_1253614797699983893_n

Граѓаните ги потсети дека СДСМ дојде на власт после пустошот на режимот, во најтежок период на криза во секоја смисла: енергетска, здравствена, ценовна, инфлаторна…

И во такви услови, со искрена волја за подобро утре се преземаа радикални чекори и се направија првите промени: 2,6 милијарди евра наместо за споменици отидоа за помош кон граѓаните и стопанствениците, 20 000 фирми добија помош, спасени беа 80 000 работни места, им се помогна на над 600 000  фамилии, за 3 пати се зголеми минималната плата, за 2 пати се зголеми просечната плата.

436378805_10228371673451073_4469607304973527755_n

“Бевме заборавени од сите државници, но заедно се изборивме да бидеме фактор на стабилност во регионот, jа добивме автокефалноста на МПЦ, македонскиот јазик е признаен секаде, сите преговори се водат на македонски јазик” – изјави Николовски.

После оваа тешка бура, Николовски најави дека е подготвен да влезе во нова борба за остварување на тридеценискиот сон за внес на државата во ЕУ до 2030 година.

438096360_966065751553928_5352979425495702489_n

За разлика од оние што ветуваат гордост, а после 8 мај ќе размислеле што ќе прават со државата, немаат одговор на ниту едно прашање, не кажуваат алтернатива, немаат храброст за тешки одлуки и немаат застанато зад ниту една битна одука на државата, СДСМ има план со конкретни мерки за подобар животен стандард со отворен европски пазар и отворени европски фондови.

437106130_966066048220565_5725370282836497211_n

ЕУ значи повеќе пари за сите граѓани, а Николовски гарантира:

Минимална плата од 600 евра

Просечна плата 1100 евра

Просечна плата 1300 евра на денот на влез во ЕУ

Минималана пензија 20 000 денари

Просечна пензија 30 000 денари

Вкупно 3,5 милијарди евра инвестиции

Едноцифрена стапка на 7% невработеност до 2028

Повеќе извоз од увоз на храна

1,3 милијарди евра за модернизација на земјоделството

200 евра за секој млад човекдо 26 години за неговото прво вработување

1000 евра за сите специјализанти

До 3000 евра плата во македонското здравство.

Секој граѓанин ќе добие акција во државните енергетски компании  МЕПСО, АКЦИЈА во ЕЛЕМ.

438096179_966052731555230_3502503816885323030_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e