Мега-дерби за баражот за Суперлигата: Радовиш против Младост во СРЦ „25-мај“

фото: М Нет-ТВ

Вечерва во СРЦ „25-мај“ во Радовиш се игра дербито на колото од 10. рунда од плеј-офот на Првата ракометна лига меѓу ланскиот суперлигаш Радовиш и Младост од Богданци.

Ова ќе биде дерби за второто место, дерби кое трите бодови се силен императив и за двете екипи во битката да се освои баражот кој води кон можен пласман во Суперлигата.

Ова ќе биде дуел на третопласираниот Радовиш кој има 20 бодови на своето конто и Младост кој е втор со 21 бод.

Веќе се мобилизираат и навивачи од Богданци да пристигнат во Радовиш, па повеќе од јасно е дека атмосферата во СРЦ „25-мај“ ќе биде вжештена во битката за трите бодови.

Судиска двојка ќе биде Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, а делегат на мечот ќе биде Илија Цветковски од Прилеп. Натпреварот е закажан со почеток од 18:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет