Македонија ДЗС

Поразителна статистика: Намален бројот на ученици во основните и средните училишта

Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта, објави ДЗС.

Поразителна статистика: Намален бројот на ученици во основните и средните училишта

Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182.245 ученици, а во средните училишта 66.678 ученици.

Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.

Најнови вести од Македонија

To top